Помош за загрозените граѓани од поплавите

16.08.2016 16:42

Од Црвениот крст велат дека продолжуваат со активностите на нивните волонтери за давање помош на загрозените граѓани и семејства.

Црвениот крст на Македонија од септември ќе почне со активности и со програми за психосоцијална помош на луѓето кои настрадаа во поплавите во Скопско. Со програмите ќе бидат опфатени самохрани мајки, социјално загрозени луѓе, лице со инвалидитет и други слични категории.

Од Црвениот крст велат дека продолжуваат со активностите на нивните волонтери за давање помош на загрозените граѓани и семејства.

Во четирите прифатни центри, „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партенија Зографски“ и интернатот на ФОН се сместени 230 луѓе, на кои им се даваат дополнителна хуманитарна помош, медицинска и витаминска терапија.