Акција за апсење на службеници од судската палата во Истанбул

16.08.2016 16:59

Главното обвинителство во Истанбул издаде нова наредба за апсење на 83 судски службеници, откако вчера полициски екипи од вкупно 173, приведоа 136 осомничени во три други истанбулски суда.

Голема акција на турската полиција во зградата на судската палата во квартот Картал во Истанбул,  во рамки на истрагата против организацијата на Фетула Ѓулен, која властите ја обвинуваат за обидот за пуч.

Главното обвинителство во Истанбул издаде нова наредба за апсење на 83 судски службеници, откако вчера полициски екипи од вкупно 173, приведоа 136 осомничени во три други истанбулски суда.

Во меѓувреме турското обвинителство побара две доживотни казни и доплнителни 1.900 години затвор за муслиманскиот верски лидер, Фетула Ѓулен.

Се обвинува за обид за насилно соборување на уставниот предок, како и за формирање и водење вооружена терористичка група.