Пожарот во Калифорнија се шири со голема брзина

17.08.2016 10:18

Во опасност се над 34 илјади згради, во кои живеат речиси 83 илјади луѓе, објавија медиумите. Издадена е наредба за евакуација, а во државата е прогласена вонредна состојба.

Пожарот што избувна вчера источно од Лос Анџелес и поради кој беше пренасочено движењето по дел од автопатот што го поврзува градот со Лас Вегас, се шири со голема брзина.

Во опасност се над 34 илјади згради, во кои живеат  речиси 83 илјади луѓе, објавија медиумите. Издадена  е наредба за  евакуација, а во државата е прогласена вонредна состојба.

Пожарот веќе опустоши 3.500 хектари шума и грмушки. Со огнената стихијата се борат 700 пожарникари.