24 години од создавањето на АРМ

17.08.2016 10:46

Утре се одбележуваат 24 години од создавањето на Армијата на Република Македонија. Стотици нејзини припадници, роденденот ќе го одбележат обезбедувајќи ја јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион...

По повод денот на АРМ-18 август на градските гробишта во Бутел владина делегација предводена од вицепремиерот Пешевски, од Генералштабот и од Министерството за одбрана, положија венци цвеќиња на споменикот на партизанските гробишта, пред спомен обележјата на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Делегации од државните институции и семејствата, цвеќе положија и пред споменикот на загинатите бранители од 2001-та пред Министерството за одбрана.

Утре се одбележуваат 24 години од создавањето на Армијата на Република Македонија. Стотици нејзини припадници, роденденот ќе го одбележат обезбедувајќи ја јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион.

На довербата се возвраќа со пожртвуваност, велат од одбраната. Поради минатонеделното невреме во скопскиот регион и ангажманот на припадниците на армијата во санирањето на последиците од штетите, решено е да се одложат сите други свечености и коктели.

Вечер во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни на Артилерискиот баталјон на армијата.