РК Веспрем vs РК Вардар и РК Металург
Утре и задутре во Скопје на гости најдобриот унгарски ракометен тим Веспрем...

Утре и задутре во Скопје на гости најдобриот унгарски ракометен тим Веспрем. Во петок на мегдан кај македонскиот шампион Вардар во СРЦ Кале, во сабота кај Мак вице првакот Металург во Автокоманда.
На една недела до повторното пуштање во погон на трите тима во европскита клупска шампионска елита, фина проверка да се види кој до каде е.
Веспрем инаку е најтрофејниот унгарски клуб со 43 домашни трофеи, од европските го има пехарот од Купот на Победниците на Куповите(КПК), сезоната 91/92, како и 2007/ 2008.
Во моментов во Лигата на Шампиони играат во А групата, тие се единствениот тим во досегашниот тек од натпреварите кој имаат целосен групен учинок 7 од 7. Во Скопје доаѓаат во полн состав, вклучително и Ласло Наќ кој не беше дел од унгарската селекција на Европското во Данска.
Утре Вардарци први во 17.45 на Кале влегуваат во костец со унгарскиот шампион, влезниците веќе се во продажба по атрактивна цена за само 60 денари. Металург во сабота се соочува со Веспрем почетокот на дулот во Автокоманда е 19 часот, а билетите чинат 100 денари.
МТВ на својот прв програмски сервис ќе удостои со преноси од овие две атрактивни ракометни претстави.
