Продолжува акцијата за санирање на штетите од невремето

17.08.2016 11:12

Армијата и КФОР побараа соработка од месното население, да не се фрла смет и шут за механизацијата побрзо да се пробие низ тесните улички...

Продолжува акцијата за санирање на штетите од катастрофалното невреме во Скопскиот регион. Финишира постапката за процена на оштетениот имот, се врши дезинфекција на куќите.

Армијата и КФОР побараа соработка од месното население, да не се фрла смет и шут за механизацијата побрзо да се пробие низ тесните улички.

Над илјада војници и волонтери помагаат на терен во критичните места. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија, трафостаниците се ставени под напон.

Уште 70-на домаќинства се без електрична енергија, бидејќи сами побарале се до целосното санирање на домовите да не бидат приклучени.