Русеф под истрага за скандалот со „Петробраз“

17.08.2016 11:30

Според најновите податоци, поради скандалот со „Петробраз“ во судот треба да се јават повеќе од 60 политичари...

Бразилскиот Федерален врховен суд дозволи да почне истрага против претседателката на Бразил Дилма Русеф и поранешниот претседател Луиз Инасио Лула Да Силва поради наводно попречување на истрагата за корупција, која се водеше против националниот нафтен гигант „Петробраз“.

Според најновите податоци, поради скандалот со „Петробраз“ во судот треба да се јават повеќе од 60 политичари, вклучувајќи сегашни и поранешни парламентарни лидери, партиски лидери и гувернери.