Почнуваат уписите на факултетите, на ФЕИТ место за 650 нови студенти
Околу 300 бруцоши, веќе аплицирале електронски на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Половина од нив се со висок просек- вели деканот Станковски...

Факултетите утре ќе ги отворат вратите за матурантите. Околу 300 бруцоши, веќе аплицирале електронски на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Половина од нив се со висок просек- вели деканот Станковски. На овој факултет ќе можат да се запишат 650 нови студенти.
„60 стипендии се нудат за новите колеги кои ќе се запишат оваа година. Стипендиите се од енергетките компании, новите странски компании што инвестираат во Македонија. Инженерите коишто дипломираат тука, без проблем наоѓаат работа“, изјави проф. д-р Миле Станковски, декан на ФЕИТ.
Голем дел од студентите по дипломирањето заминуваат да работат во странство - вели деканот Станковски. Таму, често младите одат и на дошколување. Според него, државата мора да преземе мерки и повеќе да финансира во научната работа.
Утре стартува првиот уписен рок за сите средношколци што сакаат да го продолжат своето образование на најреномираниот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“. На сите факултети има над 10 илјади слободни места.
Андријана Атанасовска
