Расте бројот на работници во индустријата
30.01.2014 14:15
За 2,5 проценти е зголемен бројот на работниците во индустријата лани...

За 2,5 проценти е зголемен бројот на работниците во индустријата лани во декември во однос на истиот месец претходната, 2012 година, објави Државниот Завод за статистика.
Најголем раст од 3 проценти е забележан во преработувачката индустрија. На исто рамниште е бројот на работниците во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Опаѓање од 0,2 проценти има во рударството и вадење камен.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-декември 2013 во однос на истиот период 2012-та година, е зголемен за 1,1 процент, информираат од Државниот Завод за статистика.
