Шекеринска била во еден од автомобилите што се судрија кај Мрзенци
СВР Струмица претходно информираше дека во сообраќајната незгода едно лице е полесно повредено, а сообраќајот на оваа делница се пренасочува.

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзините родители биле во едно од возилата што утрината учествуваа во сообраќајната несреќа кај надвозникот кај село Мрзенци, на автопатот Скопје - Гевгелија, потврдија од партијата.
Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба, стои во соопштението од СДСМ.
СВР Струмица претходно информираше дека во сообраќајната незгода едно лице е полесно повредено, а сообраќајот на оваа делница се пренасочува.
