Одложен распитот на Јанкулоска за случајот „Тврдина“
Јанкулоска за медиумите изјави дека не дала исказ пред Специјалното обвинителство бидејќи, не биле испочитувани елементарните услови на странките во постапката, односно не и биле дадени на увид никакви докази за овој предмет.

Одложен е распитот на поранешната министерка за внатрешни, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“. Побарала Специјалното јавно обвинителство да обезбеди, како што вели, увид во доказите и документите. Не се чуствува виновна и тврди дека не сторила кривично дело.
Јанкулоска за медиумите изјави дека не дала исказ пред Специјалното обвинителство бидејќи, не биле испочитувани елементарните услови на странките во постапката, односно не и биле дадени на увид никакви докази за овој предмет.
Поранешната министерка за внатрешни работи смета дека работата на ова обвинителство е интензивирана поради, како што рече, предвидувањето на датумот на предвремените парламетарни избори, бидејќи, според неа, тоа е единствена алатка на опозицијата за собирање на политички поени.
