Заразите демнат, лекарите будни
Локалната амбуланта во Стајковци со сѐ помалку интервенции. Рутинските контроли на притисок се најчестите потреби на населението. Сепак, лекарите стравуваат дека топлото време може да донесе зарази. Состојбата будно се следи...

Бројот на луѓето што бараат помош од медицинските екипи се намалува, информираат од амбулантниот пункт во Стајковци. Најчесто доаѓаат за контрола на крвниот притисок. Повеќето се пациентите кои повредиле при расчистување на шутот. Внимателно се следи епидемиолошката состојба.
„Не значи дека нема да се појават, но ние правиме сѐ доколку се појават ситуации со инфективни заболувања, кои се очекува да имаат интензитет во овој период, да го минимизираме нивното влијание врз населението, и секако да спречиме некоја помасовна појава“, изјави Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
Продолжуваат активностите за расчистување на калта и сметот.
Во Стајковци сѐ уште се чувствуа непријатната реа од калта и сметот кои ги донесе водената стихија. На улицата 20, соседите во неделата пронашле женски труп.
Жителите сѐ уште имаат потреба од помош.
„Ова е блато со вода, и пумпите немаа ефек голем, извлекоа само чиста вода, остатокот рачно го извадивме. Волонтерите кои беа тука најмногу ни помогнаа и апелирам уште повеќе да доаѓаат да не се плашат од инфекции и заразни болести“, вели Дејан Алексовски, жител на Стајковци.
Секој нов ден носи ново сведштво за нечија болка.
„Ова е стравотно, цел живот да печалиш, а за пет минути ништо да нема“, изјави Петровски Јован, жител на Стајковци.
„Јас сум презадоволен од АРМ, што после 30-40 минути ми го донесоа детето дома, и тоа во вода, инаку детето кој знае каде ќе беше, во каналот надолу“, изјави Осман Емин, жител на Сингелиќ.
Припадниците на Армијата ги дезинфицираат куќите исчитени од фекалиите.
„Во завршна фаза е дезинфекцијата, односно, првичната примарна дезинфекција по куќите и дворовите е завршена, а во моментот се врши и по шталите, а заедно со Центарот за јавно здравство се врши дезинфекција на главнте и споредните улици“, изјави за МТВ бригаден генерал Зоран Милески, командант на силите за задача за справување од поплавите.
Освен во Стајковци, сликата на подобро се менува и во Смилковци, Црешево и Виниче. Земени се и мостри за испитување на земјиштето. Каналите се исчистени, улиците се тампоинирани.
„40 тимови за проценка на штетата веќе се на терен, досега се посетени 3.500 домови, 15 тимови посебно работат на земјоделските производи, а околу 800 имотни листови се проценети, така што прилично брзо оди процената на штетата“, изјави премиерот Емил Димитериев.
Наскоро, младите ќе можат да ги користат фудбалското игралиште и спортскиот терен во Смилковци.
Наташа Гркова- Петрушевска
