Помош од Бугарија за настраданите во поплавите

17.08.2016 16:50

Помошта вклучува повеќе од 22.000 литри флаширана вода, над 8.200 конзерви и друга храна и материјално-технички средства за справување со штетите од невремето...

Вода и хигиенски средства во вредност од 40 илјади евра донираше денеска Република Бугарија за поплавените подрачја. Во хуманитарната помош испратено е 6.200 детски кашички и 5.000 памперси. Помошта вклучува повеќе од 22.000 литри флаширана вода, над 8.200 конзерви и друга храна и материјално-технички средства за справување со штетите од невремето.

Бугарија уште еднаш го потврдува пријателството со Македонија во поглед на материјално-технички средства и опрема кои денеска со три шлепери се донесени во нашата држава. Се работи за пумпи за извлекување вода, агрегати, лопати, вреќи за спиење, креветчиња, шатори, многу средства за дезинфекција и неколку тони вода, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата и до сите оние кои настрадаа.

Република Македонија е наша најблиска и најпријателска држава. Наша чест и долг е да помогнеме... Ние сме тука да помогнеме и да не се случуваат повеќе вакви нешта, порача Петков.