Досега собрани 650 илјади евра помош за поплавените подрачја

18.08.2016 10:59

Деновиве се прави процена и увид преку Бирото за судски вештачења за штетите по што ќе знаеме како и на кој начин ќе ги поделиме средствата- појаснува генералниот секретар Саити, дополнувајќи дека парите ќе се делат на трансакциските сметки на корисниците...

Досега на сметката на фондот за солидарност и преку телефонскиот број 143-400 се собрани 650 илјади евра за поплавените подрачја- соопштуваат од македонскиот црвен Крст.

Деновиве се прави процена и увид преку Бирото за судски вештачења за штетите по што ќе знаеме како и на кој начин ќе ги поделиме средствата- појаснува генералниот секретар Саити, дополнувајќи дека парите ќе се делат на трансакциските сметки на корисниците.

Помош пристигнала од неколку држави од соседството, но и од Европа, а за најавените половина милион од Австрија, Саити посочува дека тоа ќе биде заеднички проект со австрискиот Црвен Крст.

Генералниот секретар ги отфрла обвинувањата за селективност при делењето помош.