Почнаа уписите на УКИМ, слободни 10.535 места

18.08.2016 11:02

Годишниот надоместок за редовните студенти е 200 евра, а износот со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Почнаа уписи на студентите во првата година од академската 2016-2017-та на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Денеска и утре бруцошите ќе се пријавуваат за 10.535 места, од нив 6.606 за редовни студенти во државна квота, 2.812 за редовни студенти со кофинансирање и за 1.110 вонредни студенти.

Годишниот надоместок за редовните студенти е 200 евра, а износот со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Вториот уписен рок е на 5-ти септември, а на факултетите каде што ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15-ти септември, кога почнува новата студентска година.