Над 40 илјади лица притворени поради обидот за пуч
Во чистката на режимот на претседателот Ердоган се суспендирани 79.900 вработени во државните институции.

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека над 40 илјади луѓе се притворени во рамките на истрагата за минатомесечниот обид за пуч. Во чистката на режимот на претседателот Ердоган се суспендирани 79.900 вработени во државните институции.
„40.029 луѓе беа притворени, вклучувајќи полицајци, војници, вработени во судството и локалната власт. Бројот на официјално уапсени е 20.355, а во притвор се 5.187 луѓе“, изајви Бинали Јилдирим, премиер на Турција.
Затворени се и 4.262 компании поврзани со имамот Фетула Ѓулен за кого турските власти побараа екстрадиција од САД поради сомнеж за организирање на неуспешниот обид за воен удар. Ѓулен ги негира обвинувањата од неговиот некогашен сојузник Ердоган.
