Сирија: Бомбардирана болница, 4 жртви

18.08.2016 11:29

Населбата Рамуза, западно од Алепо, е најизложена на нападите чијашто цел била да се затвори патот што го освоија опозициските сили пред десет дена.

Четири лица загинаа во воздушен напад од руската авијација врз сирискиот град Алепо. Во последните неколку месеци се уништени девет болници во бомбардирањата на сириските сили придружувани од руската авијација.

Населбата Рамуза, западно од Алепо, е најизложена на нападите чијашто цел била да се затвори патот што го освоија опозициските сили пред десет дена.

Веќе неколку дена руските бомбардери вршат напади во Сирија од иранската база Хемедан.