Засилено обезбедување на „Октоберфест“

18.08.2016 11:03

На фестивалот на пивото годишно доаѓаат по 6 милиони туристи.

Минхен ги засили безбедносните мерки за годинашното издание на „Октоберфест“ откако полицијата уапсила 27-годишен маж осомничен за планирање терористички напад на фестивал во друг град.

На фестивалот на пивото годишно доаѓаат по 6 милиони туристи. Властите се решиле за железна ограда околу локацијата на фестивалот, за да не може никој да го одбегне обезбедувањето.