Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

18.08.2016 09:35

Организатори на акцијата се Археолошкиот музеј и Црвениот крст на Република Македонија, а поттикната е во знак на солидарност за настраданите од поплавите...

Под мотото „Вашата крв спасува живот-Придружете ни се!“, денеска од 10 до 14 часот во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи крводарителска акција.

Организатори на акцијата се Археолошкиот музеј и Црвениот крст на Република Македонија, а поттикната е во знак на солидарност за настраданите од поплавите што го зафатија Скопскиот и Тетовскиот регион.