Турција: Напад врз полициска станица, има мртви и ранети
18.08.2016 14:16
Меѓу повредените тројца се во критична состојба. Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад.

Најмалку тројца загинаа, меѓу кои еден полицаец, а над 70 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во турската провинција Ван на границата со Иран.
Меѓу повредените тројца се во критична состојба. Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад.
Југоисточниот дел на Турција со мнозинско курдско население е зафатен од бран насилства откако пропадна спогодбата за прекин на огнот, склучена пред 2,5 години меѓу турските власти и Курдската работничка партија.
