15 номинирани за светска ракометна личност на годината
Ракометната интернет стана Handball-Planet.com ги објави имињата

Ракометната интернет стана Handball-Planet.com ги објави имињата на 15-те номинирани за Светска Ракометна Личност. Меѓу привилегираните и селекторите на златните бразилки Мортен Соубак и селекторот на актуелните ракометни планетарни шампиони шпанеците, Валеро Ривера, како и членката на ЖРК Вардар и најдобрата светска ракометарка, Адреа Лекиќ.
Она што посебно буди емоции и респект меѓу најзначајните личности е бразилката Даниела Пиедаде која се врати на терен по претрпениот мозочен удар, како и судијата Мадс Хансен кој излезе победник во борбата со ракот.
Жирито го сочинуваат 23 врвни ракометари меѓу кој и македонскиот капитен Кирил Лазаров, како и тренери и новинари од цел свет.
Лани за ичност на годината беше избран селекторот на женската црногорска репрезентација, Драган Аџиќ.
