Речиси 7.000 граѓани со спорни записи досега пријавени во ДИК
Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК...

Вкупно 6.984 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, досега се пријавиле до Државната изборна комисија (ДИК).
Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува утре, 19-ти август. Од ДИК потсетуваат дека нивните канцеларии утре ќе работат до 19:00 часот, додека електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.
Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите.
