Кражби во населените места погодени од поплавата

18.08.2016 14:30

Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци, каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила, сопственост на „Илинден-АД“ Струга, при што одзел 240 литри дизел гориво...

Регистрирани една тешка кражба и две кражби во Стајковци, Црешево и Економија, места погодени со неодамнешните поплави.

Како што соопшти МВР, тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци, каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила, сопственост на „Илинден-АД“ Струга, при што одзел 240 литри дизел гориво.

Во село Црешево од двор се украдени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, додека во Економија (Сингелиќ) исто така од двор е одземен мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела, велат од полицијата.