Повеќето улици во поплавените региони се проодни
Активностите на армијата не запираат ниту за време на одбележувањето на нивната годишнина. Војската го расчистуваше теренот во погодените места. Тврдат дека сите улици во овој регион се проодни...

Стотици војници на Денот на армијата се во кризните места и го прославуваат работно. Помагаат на семејствата што подбргу нивните домови да се вратат во нормална состојба. На терен се и инжинеријата и воената полиција. Повеќето од улиците во поплавените региони се проодни.
„Тоа е наша задача, без разлика колку и да има замор, ние се обидуваме тоа да не го покажеме“, вели Игор Митревски, Инженериски батаљон.
Од почетокот на расчистувањето до денес е направено многу. Војниците раскажуваат дека соработката со населението била голема. Тоа како мотив повеќе , покрај обврската да се помогне, да се излезе во пресрет на настраданите.
„Голема благодарност до месното население кое ја разбра нашата улоги и ни помогна непречно да ја вршиме нашата активнсот“, изјави Игор Павлевски, припадник на Воена полиција.
„Парите од данокот на овие луѓе е нашата плата. Сатисфакцијата е голема кога го гледате напредокот и кога поплавената куќа на крајот ќе ја видите чиста. За кратко време резултатот е видлив. Не може ниту тие да го скријат задоволството, ниту пак ние, затоа што едно благодарам од било кој граѓанин на оваа држава е она што нас ни треба“, изјави потполковникот Стојанче Тодоров.
АРМ останува во поплавените региони сѐ додека на настраданите им е неопходна помош. Велат- одликувањата за заслуги се доказ за вложените напори.
Миле Ристески
