Формула 1

Рено во проблеми

30.01.2014 14:36

Минуваат деновите од првото претсезонско тестирање...

Минуваат деновите од првото претсезонско тестирање во пресрет на новиот шампионат во Ф1, а болидите кои го користат моторот на Рено повеќе време се во гаражите отколку на патеката. Така во првите 2 дена од тестирањето во Херез болидите со мотор на Рено на патеката минале само 38 кругови, за разлика од оние со агрегатот на Ферари-138 и на Мерцедес кои завртеле 248 кругови.

Од Рено велат дека го идентификувале проблемот и дека се нарачани неопходните делови од фабриката, но и дека поради новиот дизајн на болидите е потребно доста време за нивна замена.

Нов проблем за реномираниот производител се и информациите дека наводно новиот мотор не одговара на шасиите на некои болиди. Се шпекулира дека непојавувањето на Лотус на тестирањето не е поради финансиските потешкотии туку поради некомпатибилниот агрегат.

За разлика од реноовиот Енерџи Ф1, Валтери Ботас вели дека е импресиониран од перфомансите на моторот на Мерцедес кои од ден на ден се се подобри нарекувајќи го „неверојатен“.