Ќе се испитува загаденоста на почвата во поплавените подрачја
Заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски изјави дека доколку почвата е загадена ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.

Ќе се испитуваат загаденоста и квалитетот на земјоделските површини во поплавените региони. По завршувањето на анализата на земените примероци, согласно методологијата за агрохемиска и микробиолошка анализа на земјиштето, ќе биде направен извештај и проценка за моменталната состојба на земјиштето. Откако ќе биде направена проценката, оштетените ќе добијат надомест.
Заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски изјави дека доколку почвата е загадена ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.
Ние како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија ќе обезбедиме средства коишто се потребни за целосно реализирање на она што ќе биде наведено во извештајот од анализата на земјиштето, изјави заменик-министерот Костадиновски.
