Почнува изградбата на рудникот кај Казандол

19.08.2016 10:25

Инвестицијата е англиска, која за таа цел ја отвори македонската компанија Сардич МЦ, која треба да реализира инвестиција од 35 милиони евра...

Компанијата Сардич МЦ по двегодишни истражувања, на 25-ти август почнува со изградба на рударски комплекс за експлоатација на бакар во Казандол, крај Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник.

Инвестицијата е англиска, која за таа цел ја отвори македонската компанија Сардич МЦ, која треба да реализира инвестиција од 35 милиони евра.

Во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.