Сириските сили удрија по Курдите во градот Хасака
19.08.2016 10:38
Според локалните активисти, ранети се 20 цивили, а голем дел од населението се иселило.

За прв пат по пет годии, сириските сили извршија воздушен напад врз упориштата на Курдите во градот Хасака. Северниот дел на земјата е под контрола на курдското движење кое е поврзано со Работничката партија на Курдистан од југоисточна Турција.
Според локалните активисти, ранети се 20 цивили, а голем дел од населението се иселило.
„Над 280 илјади луѓе загинале во сирискиот конфликт“, се наведува во соопштенијата на Обединетите нации.
