АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната

19.08.2016 10:57

Просечната брзина на интернетот од „Македонски Телеком“ е 13,5 МB во секунда, а во мрежата на оне.Вип 8,8 МB во секунда...

Според најновите мерењата за квалитет на елктронските комуникациски услуги што ги направи Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), просечната брзина на интернетот од „Македонски Телеком“ е 13,5 МB во секунда, а во мрежата на оне.Вип 8,8 МB во секунда.

Според податоците што денеска ги објави АЕК, брзината на мобилниот интернет на примање фајл со големина од 5 МB од мрежата на „Македонски телеком“ изнесува 15,919 MB во секунда, додека праќањето на исто таков фајл изнесува 12,061 MB во секунда. Брзината на примањето фајл во мрежата на „ВИП“ изнесува 21,339 MB, а на праќање фајл 14,181 MB, додека во мрежата на „ОНЕ“ брзината на примање е 7,296 MB, а на праќање 1,910 MB.

Во однос на брзината на воспоставување повик од мобилен телефон кај „ОНЕ“ има најмал број неуспешно воспоставени повици, односно 0,28 проценти, кај „ВИП“ 0,49 проценти, а кај „Македонски телеком“ 0,67 проценти.

Најмалку прекинати повици повторно има во мрежата на „ОНЕ“ или 0,32 проценти, по што следува „Македонски телеком“ со 0,9 проценти и „ВИП“ со 1,14 проценти.