Де Мезие ја пофали Турција за одличната соработка во борбата против тероризмот
19.08.2016 11:21
Претходно тој изјави дека не жали што беа разоткриени документи од германската влада во кои се тврди дека Турција е седиште на исламските милитанти.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие ја пофали Турција за одличната соработка во борбата против тероризмот.
Претходно тој изјави дека не жали што беа разоткриени документи од германската влада во кои се тврди дека Турција е седиште на исламските милитанти.
Во извештајот што го објави телевизиијата АРД се наведува дека турскиот претседател Ердоган и владата им даваат поддршка на исламистите и терористите.
Веднаш потоа официјална Анкара упати остри критики кон Берлин.
Односите меѓу Турција и западните земји се влошија по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.
