Меркел: Санкциите за Русија остануваат на сила

19.08.2016 12:39

Москва не го почитува Минскиот договор, па санкциите остануваат во сила, изјави германската канцеларка Меркел. Русија ја обвини Украина за терор врз нејзината територија и инфилтирирање на групи опремени со оружје и експлозиви...

Според германската канцеларка Ангела Меркел, нема причина да се укинат санкциите кон Русија зашто Москва не ги исполнила сите обврски од спогодбата од Минск. Според неа, припојувањето на Крим предизвикало и криза на европските граници, по што западот реагирал со ограничувања за руската економија и политика.  

По ноќта со рекорден број оружени инциденти меѓу Украина и сепаратистичките проруски републики на Доњецк и Луганс, украинскиот претседател Порошенко најави дека е можно прогласување воена состојба. Во немирите загинале тројца украински војници, а шестмина се ранети.

Украинските оружени сили се подготвени за одбрана. Веројатноста конфликтот да ескалира е голема. Воопшто не исклучуваме руска инвазија од која и да е страна. Подготвени сме - нашите оружени сили, за отпор кон непријателот - и на исток и кон административната граница со Крим, анектиран од Русија во 2014“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Раководството на Доњецката Народна Република ги демантира  наводите за инцидентите и соопшти дека ако Украина прогласи мобилизација, тие соодветно ќе одговорат.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека спроведува терор врз нејзина територија. Официјална Москва тврди дека во пресметката која случила откако била пресретната украинската група загинале еден руски војник и еден вработен во безбедносната служба.

Руските медиуми информиираат за инфилтрирање на терористички групи од Украина опремени со оружје и експлозив.