Засилени контроли врз земјоделските производи во поплавените подрачја
Државниот инспекторат за земјоделство најави строга контрола на земјоделските производи од поплавените подрачја од Скопскиот регион. На излезот на селата ќе бидат лоцирани пунктови за проверка...

Надлежниот инспекторат најави строга контрола на земјоделските производи од поплавените подрачја од Скопскиот регион. На излезот на селата ќе бидат лоцирани пунктови за проверка.
Од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека се формирани повеќе тимови составени од фитосанитарни инспектори кои ќе треба да ги посетат сите населени места зафатени од неодамнешното невреме, каде што ќе треба да се утврдат еветуални остатоци од градинарски производи кои што евентуално би можеле да се пласираат на пазарите.
Доколку се констатираат остатоци од овие производи, ќе бидат земени примероци за анализа со цел да се утврди нивната безбедност при евентуална употреба. Секаде каде што ќе се забележи контаминација, тие производи ќе бидат соодветно уништени, со цел да се спречи ширење на истите, нагласуваат од Државниот инспекторат за земјоделство.
И натаму продолжува расчистувањето на сметот и калта во погодените села.
