Собрани над 720 илјади евра за поплавените, ќе се делат линерано и по список

19.08.2016 13:02

По завршувањето на акцијата, средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на граѓаните погодени од поплавите- изјавија во Црвениот крст.

На сметката на фондот за солидарност на Црвениот крст се собрани над 720 илјади евра. По завршувањето на акцијата, средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на граѓаните погодени од поплавите- изјавија во Црвениот крст.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, на денешната прес- конфернеција нагласи дека кога ќе се уверат дека е достапен списокот на семејства веднаш Црвениот крст ќе пристапи кон доделување на средствата.

Принципот според кој ќе биде направен, укажа, ќе биде дискутиран денеска и веројатно ќе биде по пат на линеарен надомест односно линеарна помош и поддршка на настраданите семејства.