Нови амбасадори на Италија, Унгарија и Мексико
19.08.2016 13:25
Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Италија, Унгарија и на Мексико во земјава...

Претседателот Ѓорге Иванов ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Италија, Унгарија и на Мексико.
Карло Ромео е новиот амбасадор на Италија во земјава. Иштван Ласло Дукс е новиот абасадор на Унгарија, додека Марко Антонио Гарсија Бланко е новиот амбасадор на Мексико во Македонија.
