Почнува исплатата на авансното обештетување
По 30.000 денари како авансно обештетување ќе добие секое од семејствата кои беа погодени од невремето кое на 6-ти овој месец го зафати Скопје и околината...

На секое семејство што беше поплавено во невремето на 6-ти август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев. Тој очекува исплатата на средствата да започне уште во текот на денешниот ден.
Досега од посетените околу три ипол до четири илјади семејства, обработени се податоците за околу 1.950 семејства така што исплатата на авансот за овие семејства очекувам да започне уште во текот на денешниот ден.
Сукцесивно како ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам до вторник да бидат исплатени авансно сите семејства со по 30 илјади денари, рече премиерот Димитриев.
Премиерот Димитриев истакна дека Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија ребаланс на Буџетот со кој ќе се обезбедат две милијарди денари кои што се потребни за обештетување на поплавените семејства.
