Донираните средства ќе се делат подеднакво

19.08.2016 15:35

На сметката на фондот за солидарност на Црвениот крст се собрани над 720 илјади евра. По завршувањето на акцијата, средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на граѓаните погодени од поплавите- изјавија во Црвениот крст...

Донираните средства ќе се делат подеднакво- информираат од Црвениот крст. Велат дека го очекуваме списокот за семејствата нас кои ќе треба да им се даде помош. Досега се собрани 44 милиони 640 илјади денари.

„Кога ќе се увериме дека е достапен списокот на семејства веднаш Црвениот крст ќе пристапи кон доделување на средствата. Принципот според кој ќе биде тоа направено, ќе биде дискутиран денеска и веројатно ќе биде по пат на линеарен надомест, односно линеарна помош и поддршка на настраданите семејства. “, изјави Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на РМ.

Се очекуваат уште 300 илјади франци од Меѓународната федерација на Црвениот крст и од Џрвената полумесечина. 500 илјади евра пак треба да стигнат од австрискиот Црвен крст кои ќе треба да се искористат и за проекти во училиштата во регионите погодени од поплавите. Во Дирекцијата за заштита и спасување пристигнаа холандска и словачка донација во медицински материјали и во техничка опрема.

„Скопје изминатата недела навистина покажа дека е град на солидарноста. Тоа го докажуваат сите луѓе и организации кои деноноќно работат за расчистување и обнова на областите зафатени од поплавите. Ништо не може да ја надомести човечката штета направена од поплавите. Медицинската помош ќе придонесе за надминување на последиците“, изјави Андри Ван Менс, вршител на должноста амбасадор на Холандија во РМ.

„Нашата помошта е во вредност од 63.000 евра и се состои од пакети за лична хигиена, средства за дезинфекција, како и пумпи, мантили за дожд и вреќи за спиење, се она што од македонска страна беше посочено за неопходно“, изјави Мартин Безак, амбасадор на Словачка во РМ.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Салиу соопшти дека дел од механизацијата ќе се повлекува од кризните места.

„Во текот на денешниот дене, поголем дел од механизацијата која работи во тој регион, ангажирана преку ДЗС, ќе биде повлечена, а ќе останеме само на оние места каде што има потреба“, изајви Шабан Салиу, директор на ДЗС.

Според Салиу, оваа одлука е донесена по проценката дека најголем дел од работата била завршена.

 

Наташа Гркова- Петрушевска