Ристовски: Навременото чистење на каналите во Илинден спречи поголеми последици
Општина Илинден има вкупно 120 километри канали кои редовно беа чистени и тоа придонесе за запирање на големите количини води да не стасаат во деловите кои се погусто населени, а се наоѓаат на територија на општина Илинден, рече Ристовски.

Владиниот координатор за поплавените подрачја, Спиро Ристовски вели дека навременото чистење на каналите во Илинден спречиле поголеми последици во општината која била на удар на невремето.
Општина Илинден има вкупно 120 километри канали кои редовно беа чистени и тоа придонесе за запирање на големите количини води да не стасаат во деловите кои се погусто населени, а се наоѓаат на територија на општина Илинден, рече Ристовски.
Според него, значајно е и тоа што со помош на препумната станица која функционира кај главниот канал се исцрпува водата од овој него, а како што рече, е апсорбирана и водата од целото поле каде висината на водата во поплавите била и над 1,5 метри.
Информира дека испумпувањето го спроведува и следи „Водостопанство“, а Владата, заедно со општината Илинден продолжува со редовна дневна дезинфекција на сите делови коишто беа зафатени со поплавата.
