Гасификација

Гасот ќе ги намали трошоците за бизнисот

30.01.2014 14:51

Освен што значително ќе им се намалат трошоците на граѓаните и на компаниите, гасификацијата на земјава ќе го поттикне развојот на повеќе дејности...

Компаниите добиваат евтин енергенс кој ќе им донесе значителни заштеди и зголемена конкурентност. Бизнис – секторот очекува дополнителен ангажман на градежните компании за изградба на дистрибутивната мрежа, со што ќе се раздвижи економијата. Гасификацијата на земјава ги врати пресметките на маса.

Секоја компанија ќе треба да си направи пресметка. Гасификацијата ќе ги зголеми рентабилноста и продуктивноста на компаниите, а ќе ја зголеми и конкурентноста на пазарот со поевтини финални производи”, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.  

Освен што значително ќе им се намалат трошоците на граѓаните и на компаниите, гасификацијата на земјава ќе го поттикне развојот на повеќе дејности. 

Ќе треба да се донесат нови апарати, значи, бојлери на гас, ладилници на гас, печки на гас, котли на глас. Значи, ќе се развие една нова дејност, ќе се зголеми трговијата, ќе се стекнат нови вештини, а ќе се отворат нови работни места”, изјави Константин Димитров, универзитетски професор.

Професорот Димитров тврди дека има компании што би се вклучиле во проектот вреден 100 милиони евра, но додава дека претходно треба да се разговара со некој од потенцијалните инвеститори околу предвидените услови за јавното-приватно партнерство.  Смета дека проектот е економски исплатлив, но секој си прави есап за повратот на инвестицијата.

Тој што ќе вложи треба да најде економска оправданост не само во системот за гас туку и за дејностите што се отвораат. Треба да се обезбеди итна служба за техничка помош, бидејќи секој дефект мора да се санира во кус временски период. Опасноста не е од пожар, туку од експлозии што се случуваат и во најдобрите и најсовремени системи. Потребно е да се обучат луѓе”, изјави Константин Димитров, универзитетски професор.

Први ќе се гасифицираат 17-те општини од скопскиот регион. Изготвената физибилити студија покажала дека заштедата на граѓаните и на компаниите ќе се движи од 24 до 51 процент.

Преку дистрибутнивните системи за природен гас ќе се задоволуваат потребите од топлина за греење, санитарна топла вода за готвење, а значително ќе се намали и загадувањето”, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Приклучувањето на системот за стан од 80 квадрати ќе чини 100 евра, за куќа од 240 квадрати ќе треба да платите околу 300 евра.

Мартин Пушевски