Од силниот дожд во Кичево поплавена главната сообраќајница

20.08.2016 10:08

Поројниот дожд, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување на магистралниот пат Кичево- Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, поради што сообраќајот беше пренасочен кон споредните улици.

Локална нестабилност вчера попладне и во вечерните часови имаше во западните делови од земјата особено во Кичевско, која во вечерните часови се пренесе кон централните делови, но слабееше по интензитет, информира УХМР.

Поројниот дожд, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување на магистралниот пат Кичево- Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, поради што сообраќајот беше пренасочен кон споредните улици.

Додаваат дека заедно со припадници на противпожарната единица  со помош на пумпи е исцрпена водата и за краток временски период сообраќајот е нормализиран.

Според подрачното одделение на Дирекцијата поројниот дожд не предизвикал штети на други објекти освен на две возила кои биле заглавени во водата и биле брзо извлечени. Се работи на отстранување на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.