Бан со осуда за нападот на свадба во Турција
Генералниот секретар го осуди терористичкиот напад извршен на венчавка во градот Газиантеп во Турција. Тој изразува сочувство до семејствата на жртвите, владата и народот на Турција, се вели во соопштение од Кабинетот на Бан.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го осуди самоубиствениот напад на свадба на југоисток во Турција во кој загинаа 51 човек и повика да се казнат извршителите.
Генералниот секретар го осуди терористичкиот напад извршен на венчавка во градот Газиантеп во Турција. Тој изразува сочувство до семејствата на жртвите, владата и народот на Турција, се вели во соопштение од Кабинетот на Бан.
Во него се истакнува дека Бан се надева оти извршителите на тој напад ќе бидат брзо идентификувани и приведени.
Бан укажува на неопходност од јакнење на регионални и меѓународни напори во спречување и борба против тероризмот и насилен екстремизам, се наведува во соопштението.
