Зголемена продажба на земјоделски производи
Во последните три месеци од годинава земјоделците ја зголемиле продажбата на своите производи, забележа државната статистика. Намалување има само кај житата кои се продавале со пониска откупна цена поради субвенционирањето на чувањето во силоси за оние земјоделци кои сакаат да чекаат подобра цена...

Во април, мај и јуни откупот и продажбата на земјоделските производи се зголемени за 17 проценти во однос на истиот период лани.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека намалување од 3,5 отсто е забележано кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните земјоделци, додека кај директните продажби на пазарите трговијата била подобра и се зголемила за 47 проценти.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај житата, индустриските растенија и кај добитокот.
Методија Трајков
