Спектакуларна завршница на Олимписките игри во Рио

22.08.2016 09:58

Стотина илјади гледачи на фамозната „Маракана“ беа сведоци на церемонијата на која што и учесниците на игрите играа самба и беа дел од она што само Бразил може да го понуди, завршницата се претвори во уште еден карневал.

Со спектакуларен огномет завршија Олимписките игри во Рио, кои за прв пат се одржаа на јужно-американскиот континент.

Стотина илјади гледачи на фамозната „Маракана“ беа сведоци на церемонијата на која што и учесниците на игрите играа самба и беа дел од она што само Бразил може да го понуди, завршницата се претвори во уште еден карневал.

Довидување до „Токио 2020“ порача Супер Марио од истоимената електронска игра. Македонската телевизија емитуваше над 300 часа снимена и програма во живо, од настанот број еден во светот.