Тенис

Па, јас сум Федерер

30.01.2014 14:56

Интересна ситуација на аеродромот Никола Тесла во Белград...

Интересна ситуација на аеродромот Никола Тесла во Белград.

Претседателот на тенискиот сојуз на Белград-Милан Славковиќ, кој бил задолжен за пречек на Дејвис-куп репрезентативците на Швајцарија, му пришол на човек во сино палто и му рекол дека многу му наликува на Роџер Федерер. Изненадувањето било огромно кога човекот ја симнал капата и рекол: „Па, јас и сум Роџер Федерер“.

Инаку во Нови Сад наредниве денови ќе се одигра натпреварот меѓу дејвис-куп репрезентациите на Србија и Швајцарија во рамките на светската група, но домаќините не очекувале дека покрај победникот на АУС-опен Станислас Вавринка ќе се појави и 17-кратниот грен-слем шампион Роџер Федерер.

Србите ќе бидат значително ослабени за натпреварот бидејќи не можат да сметаат на Ѓоковиќ,Типсаревиќ и Троицки , па ќе настапат во состав :Лајовоќ, Краиновиќ,Бозољац и Зимоњиќ.