Сообраќајот без забрани, по суви коловози
22.08.2016 10:15
Времен режим на сообраќај има магистралниот село Кадрифаково- село Три Чешми, поради градежни работи, на делниците Ресен- Буково, Гостивар- Кичево, Велес- Скопје, Скопје- Миладиновци- Куманово...

Суви коловози во земјава, сепак внимавајте на градежните работи на патиштата. Обиколницата Скопје и натаму е отворена за сообраќај, но на некои делови има сообраќајни знаци за намалување на брзината поради оштетувањето на патот.
Времен режим на сообраќај има магистралниот село Кадрифаково- село Три Чешми, поради градежни работи, на делниците Ресен- Буково, Гостивар- Кичево, Велес- Скопје, Скопје- Миладиновци- Куманово, Кадрифаково- Штип, Смоквица- Гевгелија, пред наплатна станица Романовце и Свети Николе- Штип.
