Брегзит- дел од агентата на форумот „Алпбах“
Според претседателот на ЕК, Британците мора да обезбедат слободно движење на работната сила ако сакаат пристап до заедничкиот пазар. Додаде и дека е неопходна заедничка надворешна и одбранбена политика за да не биде загрозена улогата на Европа во светот...

Брегзит беше дел од агнедата и на форумот „Алпбах“, Австрија, на која присуствуваше претседателот на Европската комисија Жан- Клод Јункер. Според него, Британците мора да обезбедат слободно движење на работната сила ако сакаат пристап до заедничкиот пазар. Додаде и дека е неопходна заедничка надворешна и одбранбена политика за да не биде загрозена улогата на Европа во светот.
„Конечната цел треба да биде заедничка европска војска, која не би била класична офанзивна војска, затоа не би требало земјата да биде членка на НАТО“, изјави претседателот на ЕК, Жан- Клод Јункер.
Турција би можела да добие визна либерализација на први октомври, но преудпреди дека во борбата против тероризмот оваа земја не смее да ги злоупотребува научниците и новинарите.
„Неопходно е да се исполнат сите услови на ЕУ за укинување на визите. Ако не дојде до визна либерализација, претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе мора да им објасни на своите граѓани зошто не можат слободно да патуваат во ЕУ“, рече Јункер.
Јункер нагласи и дека мигрантите кои побегнале од војна мора да добијат поддршка од Унијата. „Терористите се дел од бегалскоит бран, но тие и претходно биле низ Европа, односно, многумина од нив се и родени овде“, истакна претседателот на ЕК.
