Интензивна работна недела за СЈО

Тачи: Кога зборува правото, политикта треба да молчи

22.08.2016 12:48

Денеска во обвинителството на распит се Мендух Тачи, претседателот на ДПА, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Самка Ибраимовски лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Специјалното јавно обвинителство најави интензивна работна недела. Денеска во обвинителството на распит се Мендух Тачи, претседателот на ДПА, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Самка Ибраимовски лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите.

„Во вакви ситуации не се даваат изјави, но јас одлучив поради коректнио однос што го имам со медиумите да дадам изјава- кога зборува правото, политикта треба да молчи“, изјави Мендух Тачи по денешниот распит.

Нема подетални информации за кои предмети станува збор.