Утре краен рок да се избере петтиот член на ад- хок телото
По изборот на четирите членови, според договорот меѓу политичките партии, петтиот член треба да биде Албанец.

Вчера заврши повикот за петтиот член на привремената комисија за следење на медиумското известување на предвремените парламентарни избори. На овој повик се пријавиле 10 новинари, а утре е крајниот рок за да се избере петтиот член.
По изборот на четирите членови, според договорот меѓу политичките партии, петтиот член треба да биде Албанец.
Покрај именувањето на петтиот член и комплетирањето на ад-хок телото, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утре треба да ја презентира и нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси која треба да биде усвоена на 1-ви септември.
