Денеска ќе бидат утврдени условите за распределба на средствата за помош на поплавените

22.08.2016 13:06

Неофицијално хуманитарната акција е можно да продолжи и во наредната недела, велат во Црвениот крст.

Денеска Црвениот крст ќе ги утврди критериумите за распределба на донациите во средства и пари што беа собрани претходните две недели за жителите од поплавените подрачја.

Неофицијално хуманитарната акција е можно да продолжи и во наредната недела, велат во Црвениот крст.

Над 700 илјади евра во пари, средства и во опрема ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите.