Нападната полициска станица во источна Турција

22.08.2016 13:19

Запалени се и две амбулантни возила, а безбедносните сили почнаа акција за неутрализирање на групата. Претходно, во експлозија на бомба за време на свадба загинаа 50-тина, а беа ранети 90 луѓе.

Еден  војник загина, а тројца полицајци се повредени во напад врз полициска станица во источна Турција. Запалени се и две амбулантни возила, а безбедносните сили почнаа акција за неутрализирање на групата. Претходно, во експлозија на бомба за време на свадба загинаа 50-тина, а беа ранети 90 луѓе.

„Во нападот во Газиантеп учествуваше дете од 12 до 14 години. Според првичните информации, ова е напад од Исламска држава“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Рускиот претседател Путин му изрази сочувство на турскиот колега и повика на обединување на силите на глобално ниво во борбата против екстремизмот.