Годишна воена вежба на САД и Јужна Кореја
22.08.2016 14:02
Пјонгјанг им се закани дека ќе им се одмазди на Сеул и на Вашингтон ако покажат знаци на агресија во двонеделните вежби кои во голем дел се компјутерски симулирани.

Над десетици илјади јужнокорејски и американски војници ги почнаа годишните воени вежби.
Пјонгјанг им се закани дека ќе им се одмазди на Сеул и на Вашингтон ако покажат знаци на агресија во двонеделните вежби кои во голем дел се компјутерски симулирани.
Во маневрите учествуваат 50.000 јужнокорејски и 25.000 американски војници.
Од Јужна Кореја тврдат дека вежбите со американските војници се од одбранбен карактер.
